Пред трансферот во Тотнем, Перишиќ му се јавил на Модриќ и побарал дозвола да го облече дресот со број 14

by
1 минути читање

По седум години
во Интер, Иван Перишиќ летово се реши за нова авантура и ја прифати понудата на
Антонио Конте да му се придружи во Тотнем.

Хрватот сега
откри дека се консултирал со Лука Модриќ и од својот сонародник побарал дозвола
да го облече дресот со број 14.

„По првиот
разговор со тренерот, веднаш му се јавив на Лука. Му кажав дека имам шанса да
одам во неговиот поранешен клуб и тој ми кажа само позитивни работи за Тотнем.
Тој играше на стариот стадион и тренираше во стариот тренинг центар но сега сè е
ново, сè е многу подобро и помодерно“
– вели Иван Перишиќ.

„Ќе го носам
неговиот број 14, побарав дозола од Модриќ и тој секако немаше ништо против“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани