222
Баерн Минхен има
четири победи во досегашните осум меѓусебни пресметки со Барселона, Каталонците
имаат три , но, вечерва фаворит во четвртфиналето од елитното европско
клупско натпреварување е токму германскиот првак.
Во претпоследната
пресметка против „Баварците“, Меси приреди магичен потег во мечот каде
Каталонците најпрво славеа со убедливи 3-0 пред своја публика, за на гости да
загубат со 3-2 и да се пласираат во големото финале во 2015. година.
Тогаш на „Камп
Ноу“, Аргентинецот постигна два гола, а воедно и асистираше во третиот, а во
еден од неговите погодоци голема жртва беше Боатенг, кој за среќа не мина со
повреда по оваа мајсторија на Меси…