Пред неколку денови играше на СКП, а сега беше уапсен во Париз! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Алжирскиот репрезентативец и играч на Есперанс, Јусеф Белаили, беше приведен на аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз откако одбил да го врзе сигурносниот појас на детето кое патувало со него. Стјуардесите неколку пати го предупредиле, но тој влегол во расправија со екипажот, по што пилотот побарал интервенција на полицијата по слетувањето.

Белаили е задржан во полициска станица, а против него е покрената постапка поради нарушување на редот и безбедноста во воздушен сообраќај. Се очекува наскоро да се појави пред суд. Многумина го осудија неговото однесување, потсетувајќи дека и претходно имал проблеми со дисциплината, вклучувајќи и суспензија поради допинг во 2015 година.

Белаили настапуваше за неколку клубови во Европа, Азија и Африка, а со Алжир има 54 настапи, освоен Куп на африкански нации во 2019 и Арапски куп во 2021 година. На Светското клупско првенство беше стрелец на единствениот гол за Есперанс против Лос Анџелес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×