Пред дуелот со Реал, тренерот на Еспањол доби отказ а играчите закани: Штом не трчате на терен, ќе трчате кога ќе ве бркаме!

by
1 минути читање

Еспањол е во
резултатска криза, со една нога веќе е во втора лига, па раководството реши да
му врачи отказ на тренерот.

Абелардо
Фернандез си заминува, и тоа на ден пред дуелот со Реал Мадрид. Клубот го напуштаат и неговите помошници Томас Ервас и Ињаки Техада. Интересно е тоа што пред само 48 часа се водеа преговори за продолжување на соработката. Во продолжението од сезоната, спортскиот
директор Франсиско Руфете ќе седи на кормилото.

Во исто време,
навивачите упатија закани до играчите. На ѕидовите од стадионот и тренинг комплексот
беа испишани пораки како: „Штом не трчате на терен, ќе трчате кога ќе ве бркаме“
и „Не си играјте со нашата пасија, ќе има последици. Барселона е мала“.

Имаши и нвреди: „Вие
сте платеници“
и „Вие не сте играчи, вие сте ку*вини синови“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×