111
Рафаеле Паладино донесе одлука да поднесе оставка и веднаш се повлекува од функцијата тренер на Фиорентина. Младиот стратег изненадувачки реши да ја прекине соработката со „виолетовите“, иако се очекуваше да биде дел од проектот и во следната сезона.
Причините за ваквиот чекор засега не се официјално соопштени, но италијанските медиуми шпекулираат дека се работи за несогласувања околу идните планови на клубот и составот на тимот.
Фиорентина сега е повторно во потрага по нов шеф на стручниот штаб, иако пред дваесетина дена потпиша нов договор со клубот од „Артемио Франки“.