Правнукот на
фашистичкиот диктатор Бенито Мусолини, Романо Флориани Мусолини потпипа
професионален договор со Лацио, а оваа вест предизвика големо внимание кај
пошироката фудбалска јавност.
18 годишниот
Флориани, кој инаку игра на позицијата десен бек, потекнува токму од
младинскиот погон на „Лацијалите“, а засега ќе тренира со составот во кои се
фудбалерите до 18 годишна возраст.
Нема дилеми во
тоа дека Флориани е голема надеж на „Лацијалите“, кои одново ќе мораат да ја
демантираат јавноста дека овој потег нема никаква поврзаност со
политичко-идеолошките теории, а дека е така уверуваше и самата мајка на
фудбалерот тврдејќи дека тој е целосно фокусиран на фудбалот.
Оваа тема е доста
актуелна во моментов низ медиумите, кои потсетуваат на скандалот со Ана Франк,
откако навивачите на римскиот клуб објавија фотографија од малото девојче кое е
симбол на жртвите на Холохаустот во дрес на Рома, по што клубот интервенираше
дотаму што дури и најави дека секоја година ќе испраќа навивачи на посета во
Аушвиц со цел тие да се едуцираат.
Секако дека на
оваа тема медиумите го придодадоа и Паоло Ди Канио, потсетувајќи на неговиот
расистички гест поздравувајќи ги навивачите на Лацио во победата против лутиот
градски ривал Рома.