Пред извесен период Венгер претстави предлог правило за офсајд според кое ќе има сериозно влијание врз фудбалот.
Според новото правило, офсајд е кога фудбалерот од тимот кој напаѓа со целото тело ќе биде пред противничкиот играч.
Многумина со воодушевување ја прифатија оваа идеја која веќе е тестирана. А, според „Марка“ од следната сезона би можела да почне да се променува.
На почетокот од следната година, идејата ќе биде разгледана од ИФАБ (телото кое ги носи фудбалските правила) и доколку предлогот добие зелено светло, тој ќе почне да се применува.
Се верува дека новото правило за офсајд ќе донесе поофанзивен и поефикасен фудбал.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.