Правилото кое не му се допаѓа на Гвардиола: Кога ќе станам извршен директор, ќе го променам!

by bojan
0 минути читање

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола вели дека е против правилото со кое им се забранува на фудбалерите кои се позајмени да играат против клубовите во чија сопственост се.

Манчестер Сити овој викенд го пречекува Евертон, а поради правилата на Премиерлигата, Џек Грилиш кој е на позајмица во редовите на „карамелите“, нема да може да игра против „граѓаните“.

„За жал такви се правилата“ – вели Пеп Гвардиола.

„Доколку станам главен извршен директор или претседател на некој клуб или институција, ќе се обидам да го променам“.

„Немам ништо против тоа Грилиш да игра против нас“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×