Астон Вила синоќа на пенали славеше против Лил и се пласираше во полуфинале во Конференциска лига, херој на гостите беше Емилијано Мартинез, кој одбрани два удари од белата точка.
Аргентинецот беше инволвиран и во еден необичен момент, доби два жолти картони, а не беше исклучен.
Голманот доби опомена во првото полувреме поради задржување време, а потоа кога почна пенал серијата, го одбрани првиот удар на Набил Бенталеб и почна да ги провоцира домашните навивачи, по што му беше покажан втор жолт картон.
Но тој не беше исклучен, остана помеѓу стативите, и одбрани уште еден пенал на Лил за голема радост на Астон Вила.
Причината за ова е правило кое ретко кој го знае. Имено, според правилата, во пенал серијата не важат жолтите картони добиено во текот на регуларните 90 минути, или додатните 30 минути продолженија.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.