Поранешниот фудбалер, Алехандро Морено, кој сега работи како стручен коментатор за ЕСПН, не верува во приказната на Флорентино Перез дека тепачката помеѓу Феде Валверде и Ореалиан Чуамени била „нормална работа“.
Флорентино Перез вчера се појави пред новинарите за да соопшти дека распишува претседателски избори, а оваа прилика беше искористена и за неколку прашања поврзани со тепачката помеѓу Феде Валверде и Ореалиан Чуамени.
Првиот човек ова сакаш да го „продаде“ како нормална работа, и порача дека вакви работи се случувале секоја година.
„Не е прв пат двајца играчи да имаат расправија тука“ – рече Флорентино Перез. „Имало сезони кога играчите постојано се расправаа. Такви работи се случуваат“.
„Расправијата меѓу играчите беше лоша, но уште полошо е што тоа излезе во јавноста. Секоја година сме имале расправии, понекогаш дури и неколку, но никогаш претходно тие не станувале јавни“.
„Протекувањето на информацијата беше полошо од самата расправија“.
Поранешниот фудбалер, Алехандро Морено, кој сега работи како стручен коментатор на ЕСПН сепак не сака да поверува во приказната на Флорентино Перез дека тепачката помеѓу Феде Валверде и Орелиан Чуамени е „нормална работа“.
Тој прашува: „Ако е нормално да се тепаат, зошто Валверде и Чуамени беа казнети со по 500.000 евра“.
Ваквата санкција е рекордна, никогаш претходно „кралевите“ не казниле некој друг со ваква сума.