Бразилската фудбалска федерација сонуваше и беше близу до остварување на замислата да го доведе Карло Анчелоти на клупата на репрезентацијата.
Сепак, преговорите веројатно целосно пропаднаа. Бразилците се пред целосно повлекување од сите контакти со Италијанецот, а причината е неговиот нерасчистен договор со Реал Мадрид. Клубот е отворен за идејата и предвреме да го пушти Анчелоти да замине, дури и пред Светското клупско првенство. Сепак, проблем претставуваат финансиите и обликот на прекин на договорот.
Имено, Реал не сака да му исплати на Анчелоти за предвремен раскин на договорот, а тој веројатно смета дека заслужува такво нешто. Поради тоа постои шанса италијанскиот стратег да го води тимот до крајот на договорот, односно и на Светското клупско првенство.
Бидејќи Бразил нема можност да чека, челните лица ќе се повлечат од преговорите.