Аргентинската новинарка Јанина Латоре која е блиска новинарка со Лионел Меси откри што ѕвездата планир апо крајот на кариерата.
Бидејќи се споменуваше потенцијално враќање во родната земја за крај на фудбалската кариера и дека ќе го продолжи животот во Аргентина. Сепак, Латоре откри каде Меси навистина сака да заврши.
„Меси ми кажа дека по крајот на кариерата во Интер Мајами ќе се врати да живее во Барселона. Јас го прашав дали би останал во Мајами, ми одговори дека животот му е во Каталонија“, откри Латоре.
Лионел Меси настапуваше за Барселона од 2000 година по доаѓањето во младинскиот погон од Њуелс Олд Бојс. Потоа беше промовиран во првиот тим и блескаше играјќи на „Камп Ноу“ до 2021 година. Следеше трансфер во ПСЖ, а потоа во 2023 се пресели во Интер Мајами.