Познато колку ќе заработува Арнолд во Реал

by 24 фудбал
1 минути читање

Трент Александер-Арнолд и официјално стана играч на Реал Мадрид, но најголемо внимание привлече цифрата која стои во неговиот договор. Англискиот бек ќе заработува 17.5 милиони евра по сезона – плата каква што не можеше ни да сонува во Ливерпул.

Иако му истече договорот со англискиот првак, „црвените“ сепак инкасираа 10 милиони евра од Реал, како форма на компензација. Но она што го одделува овој трансфер од останатите е договорената плата – една од највисоките за дефанзивец во историјата на клубот.

Платата од 17.5 милиони евра годишно го сместува меѓу најплатените во тимот од Мадрид, и јасно е дека „кралевите“ очекуваат многу не само асистенции и нафрлени топки, туку и влијание на средината, каде што Трент се повеќе делува во последните сезони. Во Мадрид се подготвени да платат скапо за класа – и во случајот на Александер-Арнолд, тоа го покажаа уште од првиот ден.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×