Познато каде се играат баражите за местата во ВМФЛ

by 24 фудбал
1 минути читање

Познати се стадионите на кои ќе се одиграат бараж натпреварите за пополнување на местата во Втора македонска фудбалска лига за сезоната 2026/2027.

На 30 мај ќе се одиграат три средби. Во Кратово силите ќе ги одмерат Каменица Саса и Еуромилк Горно Лисиче, додека Градскиот стадион во Кочани ќе биде домаќин на дуелот меѓу Кожув и Борец.

Во Штип, пак, за место во ВМФЛ ќе се борат Победа и Камјани. Последниот бараж натпревар е закажан за 31 мај на стадионот во Ѓорче Петров, каде ќе се сретнат Тетекс и Влазними.

Почетокот на сите четири натпревари е закажан за 16:30 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×