Ливерпул е пред реализација на уште еден голем трансфер ова лето. Англискиот гигант постигна договор со Пари Сен Жермен за ангажман на францускиот репрезентативец Бредли Баркола.
Според информациите на новинарот Дејвид Орнштајн, 23-годишниот крилен напаѓач во следните 24 часа треба да пристигне во Англија на лекарски прегледи. Доколку сè помине без проблеми, Баркола ќе стави потпис на петгодишен договор со „црвените“.
Ливерпул за неговите услуги ќе плати неверојатни 125 милиони евра, а со дополнителните бонуси вредноста на трансферот може да порасне за уште 20 милиони евра.
Така, Баркола ќе биде едно од најскапите засилувања на Ливерпул во самата завршница на летниот преоден рок.
Французинот треба да биде четвртото засилување за првиот тим на Ливерпул ова лето. Пред него на „Енфилд“ пристигнаа Виктор Муњоз, Роналд Араухо и Жереми Жака.