Познати се финалистите во баражите за пласман на Европското првенство

by
1 минути читање

Селекцијата на Босна и Херцеговина немаше среќа да се најде таму. Имаа водство од 57. минута со автогол на Матвиенко, но го загубија во самиот финиш од натпреварот. Украина со голови на Јеремчук во 85. минута и Довбик три минути подоцна направи комплетен пресврт и победи со 2-1.

Украина во финалето од баражот од дивизија Б ќе игра против Исланд кој со 4-1 славеше против Израел.

Полска со убедливи 5-1 ја растури Естонија и ќе игра финале против Велс кој со 4-1 беше подобар од Финска.

Грција со 5-0 го декласираше Казахстан и во финалето ќе се сретне со Грузија која со 2-0 беше подобра од Луксембург.

Бараж за пласман на ЕП финале:

Велс – Полска

Украина – Исланд

Грузија – Грција

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани