Милан со луд пресврт ја победи Парма (3-2) во 22 коло на Серија А. Овој натпревар го одбележаа повеќе интересни ситуации. Главно беше случувањето по крајот на мечот во кое тренерот Серџо Консеисао тргна да се пресмета со доскорешниот капитен Давиде Калабрија.
Покрај тоа, на полувреме од игра излегоа двете ѕвезди Тео Хернандез и Рафаел Леао, па и тоа предизвика реакции. Консеисао нагласи дека се работело за тактичка определба и посочи дека двајцата ќе играат во Загреб против Динамо.
Италијанските медиуми открија од каде започнало незадоволството кај португалскиот стратег.
Имено, в петокот во Милано се одржал концерт, а присутни на него биле Давиде Калабрија, Тео Хернандез, Рубен Лофтус Чик и Франческо Камарда. Консеисао се налутил бидејќи тоа било доста близу со натпреварот кој Милан го играше против Парма.