Позната е тежината на повредата, Мусиала пет месеци ќе биде во аут!

by riste
0 минути читање

На мечот меѓу Баерн Минхен и ПСЖ, Џамал Мусиала заработи хорор повреда поради која на носилки беше изнесен од теренот и однесен право во болница.

Повредата изгледаше шокантно, а „Билд“ ја открива и дијагнозата. Јамал ја скршил левата фибула и оштетил неколку лигаменти.

Прогнозите на германските медиуми велат дека Мусиала ќе биде надвор од теренот околу 4-5 месеци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×