Позната е иднината на Перишиќ кој се поврзуваше и со Барселона

by riste
0 минути читање

Искусниот хрватски фудбалер, Иван Перишиќ се поврзуваше со повеќе клубови меѓу кои и Барселона откако истече неговиот договор со ПСВ Ајндховен.

Фабрицио Романо пишува дека Перишиќ донел одлука, решил да му остане верен на ПСВ со кој имаше одлична сезона.

Хрватот ќе потпише нов двегодишен договор со холандскиот клуб, тој ги прифатил условите кои му ги понудиле.

Останува да се испеглаат уште некои ситни детали по што договорот ќе биде потпишан.

Барселона се распрашуваше за Перишиќ, но нивниот фокус сега е само на Нико Вилијамс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×