„Ѓаволите“ во моментов се без лев бек, Лук Шо и Тајлер Маласија се повредени, па Манчестер јунајтед размислува за ангажман на нов фудбалер.
Новинарот Фабрицио Романо пишува за изненадувачки трансфер, клубот од Олд Трафорд опипува терен за ангажман на Марк Кукуреља од Челси.
Шпанецот беше одличен во Брајтон, па „сините“ минатото лето платија преку 60 милиони фунти за негов ангажман. Марк Кукуреља сепак се покажа како големо промашување на „Стемворд Бриџ“ па само 12 месеци подоцна се кројат планови за негово заминување.
„Ѓаволите“ се заинтересирани само за позајмица, па останува да се види дали Челси ќе прифати една ваква зделка.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.