Медиумите од Англија пренесуваат дека Чави Симонс е еден од малкумината играчи на Тотнем кои немаат клаузула според која платата се намалува драстично во случај на преселба во втора лига.
Чави Симонс заработи тешка повреда против Вулверхемптон, нема да може да помогне во битката за опстанок, а неговото отсуство може и скапо да го чини Тотнем, особено ако клубот од Северен Лондон се пресели во ранг подолу.
Холанѓанецот е еден од малкумината играчи кои немаат клаузула според која платата се намалува драстично (и до 50%) во случај на испаѓање во втора лига.
Тоа значи дека „спарси“ секоја недела ќе му плаќаат на Чави Симонс околу 200.000 фунти, и покрај тоа што ќе игра во Чемпионшип.
Офанзивниот фудбалер ќе паузира преку седум месеци, тешко дека ќе заигра оваа година, па поради ова пропаѓа и можноста тој да биде продаден.
Манчестер јунајтед и Баерн Минхен пројавуваа интерес за неговите услуги, но сигурно нема да сакаат да инвестираат голема сума на пари во фудбалер кој ќе се врати на терените на почетокот од 2027.