Повредата на Педри не е наивна, познато е колку натпревари ќе пропушти

by
2 минути читање

Педри оваа сезона донесе многу бодови за Барселона, беше клучен на многу натпревари, но каталонците во следниот период ќе мора да играат без него.

Се работи за повреда на квадрицепсот која е од втор степен, а вообичаената пауза за таква повреда е околу еден месец.

Според каталонските медиуми, тој ќе пропушти од шест до осум натпревари за Барселона.

Нема да биде во составот за реванш натпреварот против Манчестер јунајтед, а се очекува да пропушти и најмалку четири меча од Ла Лига, дуелите со Кадиз, Алмерија, Валенсија и Билбао. Со сигурност нема да игра и во полуфиналето од Купот на Шпанија против Реал Мадрид.

Ако Барселона го помине Манчестер јунајтед, веројатно нема да игра и на натпреварите од четвртфиналето во Лига Европа.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани