Повредата на Де Брујне е сериозна, со месеци ќе биде во аут!

by
1 минути читање

Кевин де Брујне поради повреда порано го заврши мечот меѓу Барнли и Манчестер Сити, а сега Гвардиола вели дека станува збор за сериозна повреда на задната ложа.

„Повредата на Кевин де Брујне е сериозна. Тој ќе биде во аут неколку месеци“, вели Гвардиола.

„Во наредните денови треба да одлучиме дали ќе се оперира, но според мене нема да можеме да сметаме на него некое време“.

Се шпекулира дека може да биде отсутен и до крајот на годината, подетално ќе се знае откако Манчестер Сити ќе одлучи со каков третман ќе се лекува повредата.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани