Повредата на Чуамени значи дека Модриќ ќе го добие тоа што го сака!

by
1 минути читање

Чуамени заработи скршеница на стапалото поради што се прогнозира дека околу два месеци ќе биде во аут. Би требало да пропушти десетина натпревари на Реал Мадрид.

„Мундо Депортиво“ смета дека повредата на Чуамени автоматски ќе значи повеќе минути минати на теренот за Лука Модриќ.

Хрватот кој е незадоволен што често е на клупата оваа сезона, конечно ќе стартува на повеќе натпревари, ќе го добие тоа што сака, повеќе минути на теренот.

Модриќ со влегувањето од клупа на Ел Класико ја промени играта и имаше сериозно влијание во пресвртот и победата на Реал Мадрид над Барселона од 2-1.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×