Повеќе од очекувано: Легендата ја презеде клупата на Мексико!

by 24 фудбал
1 минути читање

Рафаел Маркез и официјално е нов селектор на фудбалската репрезентација на Мексико, откако беше промовиран од националната федерација.

Легендарниот мексикански дефанзивец ја добива најголемата задача во својата тренерска кариера, а претходно од 2024 година беше дел од стручниот штаб како помошник на Хавиер Агире. До промената на селекторската позиција дојде по однапред скован план, но се чекаше да мине Светското првенство. Мексиканците беа еден од домаќините и стигнаа до осминафиналето, а таму беа поразени од Англија (3-2).

Маркез зад себе има богата играчка кариера, а најголемиот белег го остави во Барселона, каде мина седум сезони и освои бројни трофеи.

Со 147 настапи во националниот дрес, 47-годишниот Маркез е рекордер по бројот на одиграни натпревари за мексиканската репрезентација и важи за еден од најдобрите фудбалери во историјата на својата земја.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×