Повеќе од 50 Хрвати се во бегство, уапсените денеска ќе бидат изведени пред јавен обвинител

by
1 минути читање

Од уапсените најголемиот дел се фанови на Динамо Загреб, а пристигнуваат и нови кои полицијата во меѓувреме ги апси. Таков е случајот со петте Хрвати кои ноќта беа фатени како со брод сакаат да избегаат во Италија.

Информациите од Грција велат дека во бегство се најмалку уште 50 хрватски навивачи. Полицијата поставила блокади на автопатите, а особено внимание се посветува на граничните премини за излегување од земјата.

Оние кои се уапсени, денеска ќе бидат изведени пред јавен обвинител.

Во тек се лабараториски истражувања на ДНК и други докази за идентификација на сторителите на убиството на 29-годишниот навивач на АЕК.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани