Цезар Аспиликуета остана верен на Челси, десниот бек, кој се најавуваше како ново засилување на Барселона, стави потпис на нов договор.
„Цезар Аспиликуета стави потпис на нов договор со Челси и ќе ја проодлжи кариерата во „синиот“ дрес за најмалку уште две години“ – гласеше известувањето на клубот од Стемфорд Бриџ.
Шпанецот пристигна во Челси во 2012 од Марсеј, клубот во кој дојде како анонимен играч.
Кога тогашниот претседател се пофали дека ангажирале иден репрезентативец на Шпанија, стручниот коментатор Ерик Ди Меко рече дека ќе јаде стаорец доколку ова навистина се случи.
По трансферот во Челси, Цезар Аспиликуета се наметна и во репрезентацијата на Шпанија и дебитираше во првиот тим на „црвената фурија“ во февруари 2013, па Ерик Ди Меко немаше избор и јадеше специјалитет од стаорец.