Потврда за катастрофата на Ајакс: ПСВ е шампион на Холандија!

by Стефан
1 минути читање

Само пред еден месец, по победата на Ајакс на гостувањето кај Вилем со 2-1, изгледаше дека гигантот од Амстердам чекори кон нова титула во холандското првенсто. Но наместо да ја потврдат доминацијата во последните пет кола дозволија се што направија до тој момент да падне во вода.

Следуваа четири катастрофални натпревари за Ајакс, почнувајќи од дебаклот против Утрехт (4-0), па се до ремито минатиот викенд 2-2 против Гронинген кога имаа 2-1 и фудбалер повеќе до 97. минута од натпреварот.

ПСВ го користеше секој кикс на својот ривал и така успеа да ги надополни деветта бода предност кои Ајакс ги имаше минатиот месец. Врвот го презема во претходното коло, а денес само го потврди еден од најголемите пресврти во завршницата од сезоната во Холандија. .

Во последното коло, ПСВ гостуваше кај Спарта Ротердам и победи со 3-1, додека Ајакс на домашен терен славеше над Твенте со 2-0 и ситуацијата на врвот остана непроменета.

Со еден бод предност на крајот, ПСВ ја освои својата 26. шампионска титула во клупската историја, оставајќи ги навивачите на Ајакс во неверување по драматичниот расплет на сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани