Потпретседателот на Галатасарај: Со свои очи видов, Јувентус на Мертенс му понуди 5 милиони нето

by
1 минути читање

Дрис Мертенс по 9 години во Неаопл, ова лето започнува нова авантура, Фудбалерот од Белгија неделава потпиша со Глатасарај.

Најдобриот стрелец во историјата на Наполи доби неколку понуди, се шпекулираше дека Јувентус на маса ставил богат договор но Дрис Мертенс од почит кон „наполитанците“ го одбил предлогот.

„Јувентус на Мертенс му понуди годишна плата од 5 милиони евра нето, со сопствени очи видов“ – вели потпретседателот на Галатасарај, Ереден Тимур.

„Но поради ривалството помеѓу Наполи и Јувентус, тој не сакаше кариерата да ја заврши во Јувентус. Па го одби нивниот предлог, и ја прифати нашата понуда“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани