Потенцијален проблем за Нагелсман: Се повреди важен фудбалер на Германија!

by Стефан
1 минути читање

Само десет дена пред првиот натпревар на Светското првенство против Курасао во рамки на Групата Е, младиот талент на Баерн Минхен, Ленарт Карл, се повреди на последниот тренинг пред пријателскиот дуел со САД.

„Карл се повреди на тренинг. Не изгледа добро“, изјави селекторот Јулијан Нагелсман на прес-конференцијата, не криeјќи ја загриженоста.

„Мораме да ја почекаме дијагнозата и да видиме дали ќе може да настапи на Светското првенство или ќе мора да повикаме замена.“

Карл блесна во дресот на Баерн Минхен и на 40 натпревари учествуваше во 17 голови за Баерн, па така важи за едно од најголемите откритија оваа сезона.

За германската репрезентација дебитираше во март.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×