Потегот на Модриќ кој ги налути навивачите на Реал Мадрид (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Килијан Мбапе
требаше да биде новиот херој на навивачите на Реал Мадрид, многумина го видоа
во белиот дрес, но Французинот на крајот реши да ги одбие „кралевите“ и да ја
продолжи соработката со ПСЖ.

Па тој стана
омразен лик, има и такви кои сметаат дека Реал Мадрид веќе никогаш не треба да
се обиде да го ангажира Килијан Мбапе.

Верните навивачи
на Реал Мадрид сега се разочарани и од еден потег на нивната икона Лука Модриќ
на синоќешниот натпревар помеѓу Франција и Хрватска. На крајот од првото
полувреме, двајцата во прегратка се упатија кон тунелот и Лука Модриќ го побара
дресот на Килијан Мбапе.

Ова не помина
добро кај „мадридистите“ кои на социјалните мрежи го искажаа своето незадоволство
и сметаат дека ако веќе се разменувале дресови, Килијан Мбапе е тој што трбеа
да го побара дресот од Лука Модриќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×