172
Балотели имаше страшен потенцијал, но каде и да отидеше повеќе правеше штета отколку што беше корисен за тимот. Неговиот карактер му ја движеше кариерата во надолна линија.
Неговото промашување од пред девет години на пријателскиот меч меѓу Манчестер Сити и Лос Анџелес Галакси, буквално го отсликува неговиот карактер и кажува зошто Балотели не успеа да направи голема кариера.
При една чиста шанса тој се сврте и промаши со пета, потоа веднаш беше изваден од игра од тренерот Роберто Манчини.