Постигнат е договор, Чурлинов ќе биде нов фудбалер на Барнли

by
1 минути читање

Новинарот на „Скај Спорт“, Флоријан Плетенберг тврди дека работата е завршена и Чурлинов ќе стане нов играч на Барнли.

Главната причина е новиот тренер на Барнли, Винсент Компани кој инсистирал да биде донесен Чурлинов во неговиот тим.

Сумата која ќе ја плати Барнли за Македонецот е повеќе од 5 милиони евра со се бонуси.

Во наредните денови треба да се завршат сите формалности и трансферот да биде комплетиран.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани