Грем Потер ја
забележа првата победа на кормилото на Челси, попладнево „сините“ славеа со 1-2
на гостувањето кај Кристал Палас.
Домаќините добро
го отворија натпреварот и поведоа со 1-0 со голот на Едуар во 7. минута.
Челси потоа имаше
неколку добри шанси и успеа да изедначи на 1-1 во 38. минута, Пјер Емерик
Обамејанг го постигна својот прв гол во дресот на „сините“.
Гостите во
вториот дел продолжија да притискаат и успеаја да стигнат до цел плен. Во 90. минута,
Конор Галагер прекрасно погоди од врвот на шеснаесетникот за 1-2, но Англичанецот
не се радуваше од почит кон Кристал Палас, клубот во кој играше минатата
сезона.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.