Тотнем синоќа забележа уште една победа откако со 2-0 славеше на гостувањето кај Кристал Палас во градскиот дуел. По 10 одиграни кола тие се на првото место со осум победи, две нерешени и ниту еден пораз.
„Уживам секој ден, сакам и фудбалерите да уживаат секој ден. Не затоа што сме први на табелата, туку затоа што го живееме нашиот сон“, вели Анге Постекоглу.
„Играме за фантастичен клуб, го правиме тоа што го сакаме, а останатото е да ја почитуваме одговорноста која ни е доделена“.
„За мене она што е важно е што ние допринесуваме фановите да уживаат, што им даваме верба, надеж“.
„Затоа се фудбалскуте клубови. Треба да продолжиме да ги храниме фановите со тоа“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.