Последен ден од преодниот рок, денеска ќе се знае сè

by
1 минути читање

Последниот ден од преодниот рок е еден од највозбудливите за фудбалските фанови, денеска под притисок на времето се случуваат последните зделки ова лето.

Барселона и Челси се во завршни преговори за Обамејанг, се очекува позитивен исход и напаѓачот да се врати во Лондон, но овојпат да носи син дрес. Во спротивен правец треба да замине Маркос Алонсо.

Денеска ќе ја дознаеме и иднината на Кристијано Роналдо, дали Португалецот во последен момент ќе најде нов клуб или ќе остане во Манчестер јунајтед.

Сержињо Дест денеска треба да го комплетира трансферот од Барселона во Милан, тој утринава треба да биде во Милано и да ја почне процедурата.

Интересно ќе биде и да се види дали Кејлор Навас ќе го напушти ПСЖ или ќе остане да ја чува клупата. Оваа сезона е јасно дека прв голман на тимот е Џиџо Донарума.

Челси со 50 милиони евра ќе се обиде да го купи Едсон Алварез од Ајакс, а Арсенал има потреба од играч од средниот ред и таков би можело да дојде денеска, иако топчиите работат во тајност, па нема многу информации кои би можел да биде тоа.

Се очекува да се комплетираат повеќе помали трансфери, но не се исклучува можноста и за изненадувачки големи зделки во последните часови од преодниот рок.

Останува да видиме што сè ќе се случува во последниот ден од преодниот рок.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×