Португалија сигурна против Финска, Србија загуби од Австрија, Италија и Турција разочараа

by bojan
2 минути читање
Португалија

Португалија славеше со 4-2 на првата контролка против Финска пред Европското првенство, Србија ги стартуваше подготовките со пораз од 2-1 против Австрија, а Италија и Турција одиграа разочарувачки 0-0.

Роберто Мартинез на располагање има широк состав, и тоа уште еднаш беше демонстрирано вечерав, и покрај тоа што Пуртугалија не излезе со најдобриот тим, славеше со 4-2 против Финска.

Диаш го отвори резултатот по еден корнер, а Диего Жота во последните мигови од првиот дел од пенал реализираше за 2-0.

По десетина минути игра во продолжението, Бруно Фернандеш зголеми на 3-0, па дојде до мало опуштање и два гола на Пуки за 3-2 и возбудлива завршница.

Сепак, Бруно Фернандеш со својот втор гол во 84. минута ги реши сите дилеми.

Србија ги стартуваше подготовките со пораз и загуби со 2-1 на гостувањето кај Австрија.

Вимер го отвори резултатот по десет минути игра, а само 180 секунди подоцна, Баумгартнер реализираше за 2-0.

Павловиќ во 35. минута намали на 2-1, но момците на Пикси не успеаја да избегнат пораз во второто полувреме.

Италија ќе сака што побрзо да го заборави тест натпреварот против Турција, избраниците на Спaлети прикажаа премалку, ниту гостите не беа расположени за надигрување, па мечот заврши 0-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани