Португалија по пенали ја симна Шпанија од тронот во Лигата на нациите! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Португалија го освои трофејот во Лигата на нациите, откако од тронот ја симна Шпанија од тронот по изведување на пенали, 5-3 (2-2), на спектаклот одигран на „Алијанц Арена“ во Минхен. Натпреварот не понуди победник ни по 120 минути игра, но тимот на Роберто Мартинез беше посмирен од белата точка. Херојот на Португалците одново беше голманот Диого Кошта кој го одбрани единствениот пенал во серијата.

Дуелот започна офанзивно на двете страни – шанси имаа Невеш и Нико Вилијамс, но први до гол стигнаа Шпанците. Во 21. минута, Зубименди се најде на вистинското место и донесе предност за Црвената фурија. Радоста на Шпанците траеше кратко, само пет минути подоцна Нуно Мендеш донесе израмнување. Шпанија доминираше во финишот на првото полувреме, а тоа резултираше со нов погодок. Во 45. минута, Ојарзабал остана сам во шеснаесетникот и по додавање од Педри донесе нова предност (2-1).

На полувремето Мартинез направи двојна замена, во игра влегоа Нелсон Семедо и Рубен Невес. Бруно Фернандеш постигна гол кој беше поништен поради офсајд, но тоа не ги поколеба Португалците. Во 61. минута, по акција на Мендеш, Кристијано Роналдо ја смести топката во мрежата за ново израмнување (2-2). Во продолженијата, Португалија беше поактивна во првиот дел, но без конкретна завршница. Шпанија возврати во вториот дел, сепак, без реализација, па пеналите решија сè.

Португалците беа прецизни, а Мората ја понесе титулата трагичар. Диого Кошта го запре неговиот удар и донесе трофеј за својата репрезентација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани