Португалија и без Роналдо пресилна за Хрватска, гостински победи за Белгија и Франција (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Портуалија ја
забележа најубедливата победа во првото коло од новиот циклус во Лигата на
нации, вечерва актуелниот европски шампион со 4-1 ја совлада Хрватска. И покрај
тоа што играа без својот најдобар фудбалер Кристијано Роналдо, популарните
„селесао“ немаа многу проблеми против „коцкестите“.

Kансело испрати
проектил од далечина за 0-1 во финишот на првиот дел, Жота зголеми на 2-0 во
58. минута од мечот, а Жоао Феликс со прецизен удар од врвот на шеснаесетникот донесе
3-0 во 70. минута.

Во првата минута
од судиското надополнување, Петковиќ постигна почесен гол, но во 95. минута,
Андре Силва го имаше последниот збор и реализираше за конечни 4-1.

Белгија со 0-2
победи на гостувањето кај Данска со головите не Денајер и Мертенс, а Мбапе со соло
пробив ја матираше Шведска и донесе триумф од 0-1 за Франција.

Претходно во
денот, Англија со голема доза на среќа стигна до победа од 0-1 на гостувањето
кај Исланд. Стерлинг погоди од пенал во 91. минута, но веќе во следниот напад,
домаќините промашија од белата точка и испуштија бод.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×