Португалците сакаат Роналдо да седне на клупа и во нивната репрезентација

by
1 минути читање

Ова може да се опише како најлош период во досегашната кариера на Кристијано Роналдо. Тој е на клупата на Манчестер јунајтед, а и во Португалија почнаа да бараат да не биде стартер.

Роналдо стартуваше само на три натпревари под водство на Тен Хаг, а од тие Манчестер јунајтед победи само на еден.

Без него тимот влезе во добра форма, па се очекува и на идните натпревари да почнува од клупата.

Роналдо имаше лош натпревар против Чешка иако Португалија победи. Па португалскиот весник „А Бола“ пред мечот со Шпанија излезе со наслов: „Помалку Роналдо, повеќе Португалија“.

Нивната поента беше дека поради малата минутажа во Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо не е во најдобра форма и не треба да биде стартер.

Селекторот Фернандо Сантос, не ја послуша јавноста, Роналдо го одигра целиот меч против Шпанија, но повторно беше лош.

Португалија го загуби натпреварот и не успеа да се пласира во завршницата од Лигата на нации.

Роналдо пред некој ден рече дека сака за Португалија да игра и на Европското првенство во 2024, но тој треба прво да ја убеди јавноста дека треба да биде стартер и за Светското првенство во Катар.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×