„Поразот од Македонија во Тбилиси, ќе нѐ боли до крајот на животот“

by
1 минути читање

На 12. ноември Македонија со гол на Горан Пандев во Тбилиси ја победи Грузија. Тој датум за нас е историја, со тој триумф се пласиравме на Европско првенство, а за Грузијците е вистинска трагедија. Имаа меч за пласман на континенталниот собир и загубија.

„Сите ние добро го паметиме тој меч, беше најважен за нашата земја, за нашата историја и болката и разочарувањето ќе останат не само до крај на кариера, туку до крај на животот за секој од нас. Но, да не зборуваме за одмазда, зашто ова сега е различно натпреварување и мечот не е така важен како тоа бараж-финале. Важен е дуелот за да продолжиме по патот кој сме го зацртале и да се избориме за добар резултат за да стигнеме до првото место на табелата што е наша цел“, додава Квеквескири.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×