Порази за Пандев и Несторовски, Кулушевски даде гол за Парма

by
1 минути читање

Парма поведе уште во 18. минута со гол на Корнелиус. Десет минути подоцна Џенова пропушти голема шанса за израмнува, Кришито не реализираше пенал.

Казната стигна во 33. минута кога Корелуис со својот втор гол зголеми на 2-0. Во 53. минута од вториот дел Корелиус комплетираше хет-трик за убедлива предност за Парма од 3-0.

Пандев од игра излезе во 58. минута, а во следниот напад Џенова доби нов пенал, овој пат Фалке успешно го реализираше, намали на 3-1 и донесе каква таква надеж за домаќините.

Но надежта комплетно ја сруши Швеѓанецот со македонско потекло Дејан Колушевски кој погоди во 87. минута за конечни 4-1 за Парма.

Со гол на Белоти уште во 16. минута Торино со 1-0 го совлада Удинезе. Илија Несторовски беше стартер на мечот но и тој како Пандев немаше некоја посериозна шанса за гол, од игра излезе во 55. минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×