Пораз од 4-0 и веќе се споменуваат можните наследници на Луис Енрике

by
1 минути читање

Луис Енрике е под притисок и се верува дека само чудо може да го спаси од отказ. Елиминација од Лигата на шампионите уште во осминафиналето и ситуацијата со Барса во Примера не се нешто на што се гордее раководството на клубот.

Стратегот ќе биде на клупата на Барса и за реванш натпреварот против ПСЖ, а потоа само челниците на клубот знаат.

Медиумите го исфрлија Жорге Сампаоли како прв кандидат за наследник на Луис Енрике.

Сампаоли одлично ја води екипата на Севиља, ја мина групната фаза од Лигата на шампионите а во Примера е на високото трето место пред Атлетико Мадрид.

„Луис Енрике е победник, тој е почитуван и сакан од своите фанови. Доколку замине ќе има огромна листа на кандидати. Но тоа ми се чини дека е далеку од сега“ – вели Сампаоли откако беше прашал дали би го заменил Луис Енрике.

Тој не знае колку долго ќе биде тренер на Севиља: „Не знам, никогаш не се знае, среќен сум тука, се бориме за остварување на целите, имам синергија со спортскиот директор“.

Друг кандидат за наследник на Луис Енрике е тренерот на Евертон, Роналд Куман кој во Барселона помина шест години како фудбалер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани