Поранешниот помошник на Јунајтед го впери прстот во две скапи засилувања: Не можат да го издржат темпото на Премиерлигата!

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед очајно ја отвори новата сезона со четири победи и исто толку порази во Премиерлигата, како и два порази во Лигата на шампиони.

Добар дел од фудбалерите добиваат критики за лошите резултати, а поранешниот помошник Рене Муленстин го впери прстот во двајца играчи.

Тој смета дека Рафаел Варан и Касемиро не можат да го издржат темпото на Премиерлигата и затоа „ѓаволите“ имаат толку многу проблеми.

„Варан на може да го издржи темпото. Премиерлигата е многу динамична, сите летата со 100 км/ч. Токму ова е главниот проблем во средниот ред, немаат доволно енергија па затоа и дефанзивата е во толку многу проблеми“ – вели Рене Муленстин во разговор со ЕСПН.

„Тен Хаг сака да прави висок притисок, да игра со голем интензитет, исто како во Ајакс. Но нема играчи на располагање со кои може да го прави ова. Фудбалерите немаат менталитет за постојано да вршат притисок“.

„На пример, Касемиро не може да го издржи сето ова“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×