Поранешниот агент на Верати: Можеше да игра во Барса ама немаше м*да, сега нека трча во пустината со камилите!

by
2 минути читање

ПСЖ е во фокусот
на јавноста откако реши да ги остави Килијан Мбапе во Париз по одлуката на
напаѓачот да не ја активира опцијата за продолжување на соработката до јуни
2025 година.

„Светците“ и во
минатото знаеа да вршат ваков притисок, па ова беше нов повод за поранешниот
агент на Марко Верати уште еднаш да излезе со остри коментари.

„Пред седум
години реков дека Марко е во затвор и испровоцирав фуриозна реакција. Не жалам
за работите кои ги кажав. Ниту една сума на пари нема да ме спречи да кажам што
мислам“
– вели Донато ди Кампли.

„Марко ми беше
како син, и се уште ми е. Според мене, исто како тој да е киднапиран на основа
на економска уцена. Ќе биде многу богат, но никогаш нема да биде шампион“.

„Немаше м*да да
издржи седум-осум месеци и да го одработи во целост договорот. Можеше да се
пресели во Барселона или да има друга кариера. Му беше страв да им се
спротивстави на луѓето од врвот на клубот. Поранешниот директор Антеро Енрике и
Ал Келаифи го заклучија во соба и му рекоа, „Дај му отказ на агентот и ќе ти
дадеме плата каква што ќе посакаш“. Имаше само 22 или 23 години и тешко му беше
да се справи со ситуацијата“.

„Сега Мбапе е во
слична ситуација. Да не заборавиме што се случуваше со Рабио. Му се восхитувам
на Мбапе. И покрај притисок од владата, Макрон… тој сака да си го оствари
сонот, сака да стане шампион“.

„Јас и Марко
одлучивме за преселба во Барселона, веројатно ќе го видевме и во Серија А,
но… Сега нека трча во пустина со камили“.

Марко Верати има
богата понуда од Саудиска Арабија, и според Ди Кампли, остануваат само детали.

„Од информациите
кои ги добив, можам да кажам дека е блиску до преселба во Саудиска Арабија, во
прашање се само деталите“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани