По една година во
Париз, Џини Вајналдум започнува нова авантура, Холанѓанецот се пресели во Рим.
Фудбалерот од средниот ред денеска се појави пред новинарите и беше промовиран
како ново засилување за Жозе Мурињо.
„Нема потреба да
се зборува кој е Мурињо, трофеите кои ги има освоено доволно говорат. Секој фудбалер
сака да соработува со него, тоа важи и за мене. Од моментот кога разговарав со
него, знаев дека сакам да пристигнам во Рома, но од претходно имав донесено
одлука“ – вели Џини Вајналдум.
„Претходно
разговарав со Мо Салах и Кевин Стротман и тие имаа само убави приказни за
клубот и градот. Од прилика знаев што ме чека, со Ливерпул игравме против Рома
и ми се допадна атмосферата на стадионот. Но и покрај тоа, побарав совет од
Салах и Стротман. Разговарав и со Ашраф Хакими, кој играше во Интер, но имаше
само позитивни работи за Рома“.