Поранешниот соиграч и голем пријател на Модриќ го повика Хрватот во новиот клуб

by Стефан
1 минути читање

Легендата на Реал Мадрид, Серхио Рамос пред четири дена потпиша договор со мексиканскиот Монтереј, а клубот веќе го претстави пред навивачите.

За 38 годишниот стопер тоа ќе биде четвртиот клуб во кариерата по: Севиља, Реал Мадрид и ПСЖ.

Рамос по претставувањето на официјалната страна на клубот одговараше на прашање од навивачите, а едно од нив беше кого би сакал да види со него во клубот од поранешните соиграчи.

„Модриќ би бил одлично засилување за селдната сезона3, изјави шпанскиот ветеран кој низ годините изгради големо пријателство со Модриќ.

Монтереј е богат клуб и Рамос ќе има плата од четири милиони евра по сезона, па не е невозможно навистина да тргна и по потписот на Модриќ кој полека влегува во залезот од својата кариера.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани