Поранешниот шампион од Серија А се спаси – нема да игра во Третата лига!

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Сампдорија успеа да обезбеди опстанок во Серија А откако реванш натпреварот на гости кај Салернитана беше прекинат додека имаа водство од 0-2 во 65. минута.

Сампдорија победи и во првиот натпревар на свој терен со 2-0, а вчера повторно беше подобриот тим на теренот. Сдијата беше принуден да ги испрати фудбалерите порано во соблекувалната поради нередите кои правеа домашните фанови на трибините кои фрлаа и предмети на теренот.

Според италијанските медиуми, најверојатен исход ќе биде службена победа од 3-0 за Сампдорија, што би значело вкупна победа од 5-0 и дефинитивен спас од испаѓање во Серија Ц.

Клубот од Џенова, кој ја освои титулата во Серија А во 1991 година, првично беше испадна во третата лига за првпат во својата 78-годишна историја. Но, на крајот од сезоната доби неочекувана шанса откако Бреша доби казна од осум бодови, што ги симна под Сампдорија и ѝ обезбеди на „синобелите“ место во баражот за опстанок, а таа шанса Сампдорија не ја пропушти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×