Поранешниот селектор на Италија е прв кандидат за клупата на Јувентус!

by 24 фудбал
1 минути читање

Италијанските медиуми јавуваат дека Лучијано Спалети е главниот фаворит за да го преземе кормилото на Јувентус по разделбата со Игор Тудор. Контакт веќе е воспоставен и очекувањата се дека денеска ќе се расчистат сите детали околу договорот.

„Старата дама“ му нуди договор до крајот на сезоната со автоматско продолжување ако екипата избори пласман во Лигата на шампионите. Така би се обезбедил континуитет и стабилност на клупата во период кога клубот се соочува со предизвици и на терен и надвор од него.

Спалети е без работа од јуни, откако ја напушти селекторската позиција во репрезентацијата на Италија. Претходно беше поврзуван со Фенербахче и одби неколку примамливи понуди од Катар.

Последниот негов ангажман во Серија А беше со Наполи, со кој во 2023 година ја освои шампионската титула. Јувентус верува дека искусниот стратег може да ја врати екипата на победничките патеки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×