Поранешниот фудбалер на Арсенал го загуби своето куче, па го раскина договорот со клубот и ја напушти земјата

by Стефан
1 минути читање

Мексиканската авантура на Арон Рамзи заврши сосема неочекувано. Велшкиот фудбалер и клубот Пумас од Мексико спогодбено го раскинаа договорот откако фудбалерот бил премногу погоден од исчезнувањето на неговото куче, Хало.

Како што пренесува „АС Мексико“, Ремзи веднаш ги спакувал куферите и го напуштил Мексико, враќајќи се во Европа за да биде со своето семејство. Емоционалниот товар од настанот бил толку голем што фудбалерот престанал да се појавува на тренинзите, што управата на Пумас повеќе не можела да го игнорира, па го раскинале договорот.

Според податоците на „Transfermarkt“, Ремзи имаше договор со клубот до јуни 2026 година, но губењето на својот миленик оставило длабока трага врз него, па не сакал повеќе да остане таму.

Претходно, фудбалерот објави и дека дава награда од 20.000 долари за пронаоѓање на Хало.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×